декември 4, 2017

Струга, 4. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Џ.М. од Дебар.

– Тој, како инвеститор, без одобрение и спротивно на Законот за градба, на улицата „Ристо Крле“ во Струга, изградил доградба на деловен простор. Пријавениот, неовластено поставил метална конструкција на простор помеѓу два објекти што е сопственост на Република Македонија. На 13-ти минатиот месец, на посочената катарстарска парцела бил извршен надзор од страна на градежен инспектор при Општина Струга, составен е записник и донесено е решение за отстранување  на  нелегалната доградба, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука