Охрид, 2. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Р. (39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Пријавениот, казненото дело го сторил на осми септември во 20:45 часот во неговиот дом на улицата „Бистрица“ во Охрид. Тука, униформиран полициски службеник преземал службени дејствија откако претходно, членови од семејството на сега пријавениот, пријавиле казнено дело „семејно насилство“.
Во момент на активна работа за решавање на пријавеното казнено дело, Ш.Р. физички го нападнал полицискиот службеник нанесувајќи му повреди и набиеници по целото тело. Набрзо, униформираниот полициски службеник успаел да го доведе во послушност напаѓачот и да го приведе во полициска станица по што побарал лекарска помош во Општата болница во Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива