Охрид, 14. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ј. (37) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“.
Пријавениот делото го сторил во временскиот период од 16 до 17 јуни оваа година, во работилницата за намештај „Кентерс“, лоцирана на улицата „Ристо Чадо” во Охрид.
Тој, со намера да се стекне со противправна имотна корист влегол во кругот на работилницата и со подесен алат успеал да ја отвори железната врата од погонот за производство на намештај.
По извршеното пребарување, пријавениот одзел, различни алати: бормашини, убодни пили, рачна фреза и друго.
Пријавениот, од комбе марка „Форд Транзит”, сопственост на фирмата, кое било паркирано на плацот од објектот и оставено незаклучено, противправно одзел уште неколку алати. Лицето влегло и во магацинските простории на фирмата, но не одзел ништо по што веднаш избегал.
Со извршувањето на казненото дело, пријавениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од околу 200.000 денари. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива