септември 1, 2017

Охрид, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот П.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 24-ти минатиот месец, во периодот од 20:00 до 21:00 часот, по неуспешниот обид да оствари средба со лицето В.П., музички новинар во продукција во Охрид, пријавениот пред вратата на продукцијата запалил најлонска вреќа со ѓубре. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука