Охрид, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава трговското друштво за градежништво трговија и производство „Колоња“ ДООЕЛ од струшко Радолишта, 50-годишниот Ш.Р., Управител на друштвото и 56-годишниот П.С., адвокат од Охрид, за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во текот на 2012 година трговското друштво, управителот и адвокатот како инвеститор со Договор за заедничко вложување за изградба на колективен станбен објект со сопственици на недвижен имот на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, започнале со градба на станбен објект.
Спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган и од Основниот проект, во приземјето бесправно изградиле 24,12 метри квадратни деловен простор, додека на кровниот простор на зградата бесправно изградиле поткровје за живеење со две тераси во површина од 54 метри квадратни. (Крај)
извор: МВР фото: архива