Охрид, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 56-годишната Ф.Ѓ. поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.
– Пријавената, во подолг временски период, во семејната куќа го вознемирувала, го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории на нејзиниот син. 34-годишниот В.Ѓ. Таа му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала оштетениот и му упатувала низа навредливи и заканителни зборови. Поради тоа, на сега оштетениот В.Ѓ. значително му се влошила здравствената состојба и често барал лекарска помош во Општа болница во Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива