јануари 24, 2015

Охрид, 23. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишната К.К. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „уцена“.

На 23-ти декември минатата година, пријавената, во повеќе наврати од нејзиниот мобилен телефон, до В.Ш. од Охрид испратила смс пораки со цел преку него, од лицето А.Т. да оствари противправна имотна корист од 5.000 евра.

А.Т. се наоѓал во притвор, а пријавената преку порака барала од В.Ш. да оствари контакт со братот на А.Т. и да му земе 5.000 евра со цел таа, пред судот да даде исказ поволен за него.

Пријавената барала 3.000 евра да и бидат веднаш исплатени а 2.000 евра на почеток на новата 2015 година. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука