Охрид, 24. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41-годишната А.К. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба“.
– На втори мај годинава, во времето од 11:30 до 12:00 часот, на улицата „Македонски просветители“ во Охрид, пријавената, во близина на „Македонска пошта“ забележала, а потоа и одзела женски велосипед марка „Drag glide“, со што се стекнала со противправна имотна корист во висина околу 19.000 денари, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 25