Скопје/Струга, 15. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата за финансиска полиција поднела кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од Управата за финансиска полиција примило пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице.
Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик.
Кривичните пријави се проучуваат за донесување на натамошна јавно обвинителска одлука. (Крај)
извор: Нетпрес фото: архива