Охрид, 20. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 71-годишната М.Џ. од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „поднесување лажни докази“.
– Пријавената во текот на 2017 година во Охрид, во населбата „Елешец“, како сопственик и инвеститор, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградила семејна куќа, за што во управна постапка при поднесување на барање за легализација на бесправно изграден објект, дала изјава, заверена кај нотар, дека објектот е изграден во 2010 година. Во врска со барањето за легализација, службени лица при Општина Охрид констатирале дека постои започнат објект, на кој што и биле поставени само бетонско армирани столбови, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива