Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“.
– Тој, во повеќе наврати, во својот автосервис во Охрид, примал патнички моторни возила од граѓани од Охрид, на кои им барал и добивал одредена сума пари, ветувајќи им дека ќе ги отстрани дефектите и ќе изврши комплетен ремонт на нивните возила. Пријавениот, не ги извршувал поправките во договорениот период, а дополнително ги вадел исправните делови од автомобилите и ги продавал на трети лица, со што се стекнал со значителна противправна имотна корист, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 659