Кривична за стружанец за трговија со дрога
јануари 9, 2017

Струга/Охрид, 9. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишниот Ј.П. од Струга поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси” и „овозможување на употреба наркотични дроги”.

На 16-ти јули минатата година во кругот на медицински центар Охрид, пријавениот бил затекнат како управува возило. При извршен претрес биле пронајдени најлонска паковка со опојна дрога метамфетамин со нето маса од 0,44 грама и најлонска паковка со опојна дрога марихуана со нето маса 2.35 грама. Пријавениот на лицето Р.Д. во Охрид ѝ дал да користи опојна дрога марихуана и метамфетамин. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука