Охрид, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) — Поднесена е кривична пријава против 28-годишниот М.И., кој нападнал службено лице при вршење работи на безбедноста.
Инцидентот се случил на 28-ми минатиот месец во 15,30 часот на ул. „Живко Чинго” во ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ Охрид, во ходникот од училиштето.
При преземање на службени дејствија, пријавениот вербално го навредил полицискиот службеник, а потоа со глава го удрил по челото нанесувајќи му телесни повреди. Пријавениот цело време бил агресивен и под дејство на алкохол. Полицискиот службеник поради здобиените повреди бил пренесен во Медицинскиот центар – Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 31