Охрид, 21. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23 годишниот Џ.И. од гостиварското село Дебреште, поради постоење основи на сомнение за сторени 12 казнени дела „тешка кражба“.
Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на мај оваа година на подрачјето на Охрид.
– Користејќи подесен алат и прибор, но и физичка сила, Џ.И. успевал да влезе во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, во канцелариите на наплатните служби од Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, во самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Со извршувањето на казнените дела „тешка кражба“, пријавениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 40.900 денари и 2 600 евра. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива