февруари 20, 2017

Охрид, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишниот Д.Ц. од Поградец, Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсорси”.

На 13-ти овој месец пријавениот извршил транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана по воден пат преку водите на Охридско Езеро. Од месноста Градиште презел една патна торба со шест поединечни пакувања на опојна дрога марихуана. Тој имал намера марихуаната да ја пренесе и продаде на непознато лице во Охрид. Бил сопрен од полициски службеници. Се обидел да побегне со возилото, но набргу бил пронајден на паркинг. По извршен преглед, во возилото била пронајдена патната торба со наркотична дрога марихуана со тежина од околу 8 до 10 кг., која претходно ја фрлил од возилото. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука