Струга, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 67-годишниот Р.М. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
– Тој, на 17-ти јануари 2022 година, во својство на градоначалник на Општина Струга, спротивно на законските прописи, донел решение за избор и именување на в.д директор на училиште во Струга. Тоа, го направил, иако знаел дека кандидатката што ја наименувал, не исполнувала низа услови од Законот за основно образование, не го положила испитот за директор во утврдениот законски рок и не поседувала соодветен сертификат за познавање на англиски јазик. Пријавениот, и покрај тоа, и овозможил да добие решение и противправно да оствари парична корист во износ од 1.390.536 денари за вршење на работни задачи како вд директор и како директор на училиштето, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес