Охрид, 29. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28-годишно лице од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
– Тој, на 29-ти септември 2024 година, во 00:15 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија по што, физички ги нападнал. Истиот беше приведен и лишен од слобода, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 120