Охрид, 27. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишниот З.Ч. од Ново Село, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
– Тој, на 21-ви јануари 2022 година, по објавен текст на еден електронски портал, постирал коментар со недолична содржина со што, промовирал насилство кон едно лице, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 32