јули 2, 2024

Струга, 2. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– На 29-ти јуни 2024 година, вработена во златарски дуќан во Струга, на пријавениот му исплатила 50.000 денари за златна монета, која ѝ ја понудил за продажба, а за која било утврдено дека не била оригинална, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука