Кривична пријава за охриѓанец кој со закани се обидел од одземе пари во спортска обложувалница
декември 22, 2024

Охрид, 22. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „загрозување на сигурноста“.

– На 13-ти ноември 2024 година, во спортска обложувалница во Охрид, пријавениот со закани кон вработениот, се обидел да одземе пари, а откако не успеал, оштетил дел од инвентарот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука