Охрид, 26. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишниот А.В. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
На 6-ти јули минатата година, на паркинг лоциран на ул.,,Караорман” во Охрид, бил извршен преглед врз пријавениот и патничко возило сопственост на неговиот татко.
Кај лицето биле пронајдени три зипер кесички со вкупна нето маса од 5,33 грама марихуана. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 30