мај 17, 2017

Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот Д.Д. од Скопје кој сторил кривично дело „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“.

Пријавениот од 25 март до 14 април годинава, на паркинг просторот во комплексот Св.Наум и на паркинг просторот на Музејот на вода, извршил тешки кражби во пет патнички возила и минибус.

Противправно одзел парични средства, мобилни телефони, камери, фотоапарат и други предмети. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука