Охрид, 16. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот В.И. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори” и ,,овозможување на употреба наркотични дроги”.
На 31-ви јули минатата година, на паркинг пред хотел, полициски службеници го затекнале пријавениот во патничко возило како рачно изработува цигара со марихуана. По извршениот преглед покрај менувачот бил пронајден грендер со остатоци од марихуана со вкупна нето маса од 0,78 грама, додека во вратата покрај возачот била пронајдена 1,29 грама марихуана. Пријавениот во возилото им овозможил на две лица да користат марихуана. (Крај)
извор: МВР фото: архива