Кривична пријава за стружанец за поседување дрога
мај 9, 2017

Струга, 9. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Криминалната полиција од Струга поднесе кривична пријава против 37 годишниот Б.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 13 февруари годинава полициски службеници извршиле преглед над пријавениот. Било пронајдено и одземено едно пакување со 0,46 грама марихуана. Пријавениот марихуаната ја добил од лице без паричен надомест. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука