Струга, 28. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
– Тој, самоволно узурпирал катастарска парцела во државна сопственост во Струга, каде според урбанистичкиот план била планирана изградба на улица и без соодветно одобрение од надлежен орган започнал со изградба на објект за домување, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 37