ноември 22, 2023

Струга, 22. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и кривично дело „узурпација на недвижности“.

– Пријавениот, во периодот од 2018 до октомври 2023 година, бесправно изградил семејна куќа на земјиште во сопственост на Република Македонија, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука