март 27, 2017

Струга, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот M.M. од струшкото село Франгово поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неизвршување судска одлука“.

Пријавениот подолг временски период ја следел оштетената, 23-годишната Д.Ц. од Охрид. Преку телефонски јавувања и СМС пораки ѝ упатувал сериозни закани со што ѝ предизвикал чувство на страв и вознемиреност. Со судско решение издадено од Основниот суд во Охрид во декември минатата година, му било забрането на било каков начин да контактира со оштетената, да ја следи, да ѝ се приближува на растојание помало од 100 метри, имал забрана да се заканува.

– Игнорирајќи ја забраната, пријавениот М.М. свесно продолжил, од неговиот мобилен телефон да ѝ се јавува на оштетената и да ѝ праќа СМС пораки, продолжил со навреди и закани по нејзината сигурност и постојано ја следел, со што ѝ предизвикал чувство на силен страв и вознемиреност, информираат од СВР Охрид околу случајот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука