Струга, 26. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.
– На 16-ти февруари 2024 година, во Медицинскиот центар во Струга, пријавениот агресивно се однесувал кон лекар од центарот и оштетил стакло од влезната врата на амбуланта, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 56