Струга, 20. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е кривична пријава против 50-годишниот К.Н. од селото Велешта поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот како инвеститор започнал градба на станбено-деловен објект на ул.„Туристичка“ во катастарска општина Струга. Градежен инспектор на 28-ми декември минатата година извршил инспекциски надзор. Било утврдено дека објектот е во фаза на изградена градежна конструкција на подрум со бетонирана темелна плоча, ѕидови и плоча на приземјето, спротивно на основниот проект за градење на објект. Било донесено решение за прекинување на градбата. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22