март 28, 2017

Струга, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против 52-годишниот Ш.О. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“.

Бил извршен инспекциски надзор од градежна инспекција при општина Струга. Како што велат од полицијата, било утврдено дека пријавениот како инвеститор на земјиште сопственост на станарите, без одобрение за градба започнал со доградба на приземјето од колективна станбена зграда со димензии 2,3×1,3метри лоцирана на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга.

Општинската градежна инспекција-Струга донела решение и заклучок за отстранување на градбата. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука