Кривична пријава за стружаните кои нападнаа семејство во нивниот дом
февруари 11, 2017

Струга, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Криминалистичката полиција Струга поднесе кривична пријава против 4 лицa поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“.

За стореното дело се товарат лицата: Ф.Н.(53), Ф.Н. (32), Е.Н.(29) и С.Н.(25), сите од Струга.

Пријавените, казненото дело го извршиле на шести овој месец околу 22 часот на улицата „Црн Дрим” во домот на А.Е. од Струга. Откако неговата сопруга ја отворила вратата, Ф.Н. физички ја нападнал. Потоа, зедно со останатите пријавени, физички ги нападнале и лицата З.А. и Е.А., предизвикувајќи страв кај нивните малолетни деца.

Тепачката продолжила надвор од куќата каде, пријавениот Ф.Н. со метална шипка го нападнал Е.А..

Полицијата спречила натамошен тек на тепачката, а седум повредени лица се префрлени во Општата болница во Струга. Според пријавените, причина за стореното казнено дело „насилство“ биле нарушени меѓусебни односи со оштетените. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука