јуни 15, 2017

Охрид, 15. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Ш. (19) од с.Слатино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,изнуда”.

На 12-ти март оваа година пријавениот во раните утрински часови, помеѓу ул. „Цар Самоил“ и ул. „Боро Шаин“ го нападнал К.Б. (45) од Охрид, нанесувајќи му удари со боксови.

К.Б. паднал и се здобил со скршеница на левата рака, а  пријавениот му побарал  2.000 денари. Нападнатиот му ги дал парите, а по четири дена пријавениот телефонски повторно му побарал 4.000 денари.

На 24-ти март околу 21.00 часот пријавениот, со уште едно непознато лице, отишле во неговиот дом и на неговиот татко му кажале дека К.Б. треба да им врати 4.000 денари, упатувајќи закани по неговиот живот. (Крај)

извор: МВР   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука