Охрид, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28 – годишниот Н.И. од Битола и 28-годишниот А.К. од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсорси”.
На 31 јули минатата година околу 02.50 часот, во близина на плажа, бил извршен преглед над лицето А.К., при што биле пронајдени и одземени 0,37 грама мешавина од тутун и марихуана, 0,72 грама марихуана, 1,5 таблета екстаза. А.К. марихуаната ја набавил од Н.И. за 500 денари. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 24