Кривичниот суд во Скопје одреди 30-дневен притвор за Артан Груби и Перпарим Бајрами
декември 17, 2024

Скопје, 17. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кривичниот суд во Скопје им определи мерка притвор од 30 дена на Артан Груби и Перпарим Бајрами, а мерката ќе биде применета откако ќе бидат пронајдени и станат достапни за органите на прогонот.

Oва е последна инфoрмација од судот. Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно го известило судот дека двајцата осомничени за злоупотреби во Државна Лотарија се недостапни и официјално потврдиле дека се надвор од Македонија. (Крај)

извор: Тв Телма фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука