Струга, 24. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 57-годишниот З.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ и против 43-годишниот Л.К., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“.
– Во текот на 2016 година, првопријавениот се договорил со второпријавениот да му обезбеди фалсификувана документација за регистрација на патничко возило „Хонда“. После тоа, второпријавениот набавил лажен купопродажен договор, на кој фиктивно како сопственик прикажал лице од Ресен, кое имало статус на повратник, по што ваквата документација ја употребил како доказ во постапката за сопственост пред Биро за метрологија, а потоа првопријавениот ја употребил во управните служби во Струга за регистрирање на возилото, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива