октомври 20, 2017

Охрид, 20. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот С.Т. од охридското село Горенци и против 54-годишниот Н.С. од селото Требеништа.

– На 20-ти минатиот месец, по писмена наредба од Судија на претходна постапка, полициските оперативци извршија претрес во домот на С.Т. во селото Горенци. Притоа, пронајдоа 3 пушки, 127 куршуми различен калибар, 3 празни кожни реденици за муниција и 2 прибори за чистење на оружје. Тој, оружјето и муницијата ги поседувал нелегално односно немал соодветна дозвола за поседување и носење огнено оружје. Истиот ден, извршен е претрес и во домот на второпријавениот Н.С. каде биле пронајдени 20 куршуми, 95 каписли за ловна муниција, барут, сачми и машина за рачно полнење на ловна муниција. Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука