Струга, 16. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, Полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против А.Ш.(26), С.М. (32), М.Ш. (21) и Р.Ш. (49), сите од струшкото село Лабуништа.
– Пријавените, казненото дело го сториле на осми ноември 2016 година во куќа сопственост на И.Е од селото Новак, општина Центар Жупа, со насилно влегување преку прозорецот од првиот спрат. Притоа одзеле една ловна пушка „Берета“ и еден револвер „Застава“ кои оштетениот ги поседувал со соодветна дозвола. Дополнително, одземени се и два оквири за пиштол со по 15 куршуми калибар 9 милиметри, 30 куршуми за карабин, 15 куршуми за „Магнум“ калибар 12 милиметри, 4 хилти и 1.300 евра. Со извршувањето на казненото дело, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 553.500 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива