Охрид, 2. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против две 41-годишни лица од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
– При претрес извршен во стан во Охрид што заеднички го користеле, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 77