Струга, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од Струга на возраст од 60 и 61 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– Во текот на 2023 година, пријавените, во својство на инвеститори, во Струга, спротивно на основниот проект, изградиле доградба на објект за деловни потреби, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 44