Охрид/Струга, 29. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид и ОВР Струга поднесоа кривични пријави против лица од Охрид и Струга поради „бесправно градење“.
Во првиот случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, на возраст од 62 и 72 години, против 79-годишник од охридското село Рамне и против 52-годишно лице од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“. Тие, на катарстарски имоти лоцирани во охридското село Рамне, без одобрение за градба и друга соодветна документација и спротивно на Законот за градба, бесправно изградиле хотелски комплекс, деловни објекти и надворешен базен.
Во друг случај, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 61-годишно лице од струшкото село Теферич и 60-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тие, на катарстарска парцела во Струга, без соодветна документација и спротивно на Законот за градба, бесправно изградиле и доградиле деловен објект. (Крај)
извор: МВР фото: архива