Охрид, 14. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на православниот празник Свети свештеномаченик Еразмо Охридски, Кризниот штаб на Оопштина Охрид упатува апел до верниците да се воздржат од масовни собири во предвечерието и денот на самиот празник и да ги почитуваат сите препораки за заштита и превенција од Корона вирусот COVID-19.
Исто така, поради континуираниот пораст на позитивни случаи од вирусот на подрачјето на Општина Охрид, се упатува АПЕЛ до сите жители и посетители во градот, максимално да се придржуваат до сите мерки за заштита.
– Да се носат заштитни маски;
– Да се одржува потребна дистанца;
– Да се одржува лична хигиена според препораките;
– Да не се организираат семејни собири и други слични групирања.
– Да бидеме одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, порачуваат од општина Охрид. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес