Мадрид, 29. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Дисциплинското тело на Примера дивизија го казни со два натпревара неиграње Кристијано Роналдо ,поради црвениот картон што го заработи минатата саботата на дуелот со Кордоба, кога го удри противничкиот фудбалер.
Исфрустриран од тоа што не направи ништо за време на натпреварот ,Роналдо најпрво го удри Хосе Креспо но судијата не го забележа тоа, а потоа го удри и Едимар, по што судијата му покажа црвен картон.
Роналдо ќе ги пропушти следните два натпревара на домашен терен против Реал Сосиедад овој викенд и Севиља следната среда, додека ќе биде подготвен за градското дерби против Атлетико на 7-ми февруари.(Крај)
извор: Спорт ТА фото:архива
Прочитано: 21