Скопје, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Скопје продолжува акцијата за апел за возење велосипеди и заменување на превозот со моторни возила, со движење пешки или со велосипеди.
Критична маса бр. 33 ќе се вози на 28. јануари со почеток од 17:30 часот од Плоштад Македонија.
Мотото на акцијата за месец јануари е „Сите на точак. Не ми е ладно!“.
– Скопје знае да биде неподносливо жешко, но не и неподносливо ладно. Врз нашето субјективно чувство повеќе влијаат драматичните најави за поларна зима и претставата за јануари, а не дека е надвор навистина толку студено. Точак се вози и на многу пониски температури, на -10, на -20! Во северните земји како што се Холандија, Данска, Германија, Финска, сосем е вообичаено секојдневните обврски да се завршуваат на точак, без оглед на времето, без разлика дали врне снег, или дува ветер и е студено – таму точакот се користи во текот на целата година. Нормално е да се вози на тие температури, а особено не студи на температури околу нулата, како во Скопје, велат организаторите на акцијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива