октомври 2, 2021

Охрид, 2. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Гарантираме вистинска грижа за сите во Охрид. Вниманието кон лицата со посебни потреби нема да го штедиме. Гарантираме инраструктурно приспособување на кабинетите за инклузивно училиште (за учениците со посебни образовни потреби), порача на денешната прес конференција Ана Крстеска, кандидат за член во Советот на Општина Охрид.

– Проектот предвидува и обезбедување алатки за професорите како и обезбедување ефикасна инклузија за учениците со посебни образовни потреби. Во соработка со стручните средни училишта и со Универзитетот „Св. Апостол Павле“ изработка на софтверски решенија како помагала во наставата. Сложеноста на активностите што се извршуваат во наставата бара поддршка во вид на софтверски решенија што се приспособени со специфичните потреби на наставата. Изградба, уредување и адаптирање на сместувачки капацитети и плажи за лица со посебни потреби со цел збогатување на туристичката понуда на Охрид за оваа целна група. Изградба на патеки за слепи лица како предуслов за обезбедување самостојно живеење и непречено движење на слепите лица. Бесплатен јавен превоз за лица со посебни потреби. Ние има да бидеме вашиот глас за остварување на правата. Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи! 7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција за „Обнова на Македонија“, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука