Белчишта, 7. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Игор Крцоски – Манце, кандидат за градоначалник на општина Дебрца од СДСМ најавува бројни проекти предвидени во програмата за работа и развој на општина Дебрца за периодот од 2021 до 2025 година.Зелена агенда за Дебрца
Во рамките на овој проект ќе се работи на 3 поголеми фронтови и тоа:
– комунална сфера
– јакнење на капацитетите на комуналното претпријатие самоуправа
– чистење на диви депонии и нивно трајно решавање
– набавка на механизација за одржување на канализациона мрежа
– набавка за садови за комунален отпад на ниво на цело општина
– набавка на цистерна за миење и чистење улици, плоштади
– модернизација на возилата за комунална хигиена
– уредување на централни селски подрачја со зеленило, и нивно редовно одржување
Алтернативни и обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност
– стратегија за енергетска ефикасност
– влог во енергетско-ефикасни објекти
– субвенции за замена на столарија, енергетско-ефикасни фасади, поставување фотоволтаици
– обуки за енергетска ефикасност
– воспоставување систем за рециклирање
Органско производство
– помош и поддршка за производителите на органски производи
– уредување и санација на полски патишта за пристап до земјоделски површини
– поддршка за набавка на механизација
– награда за најдобар млад земјоделец
Дебрца – дестинација за алтернативен туризам
– Стратегија за алтернативен туризам
– Развој на промотивни материјали
– Пилотирање проекти за алтернативен туризам
– Мапирање и поставување сигнализација за планински патеки, вело-патеки, патеки за мото-крос…
Дебрца во економски подем
– Изнајмување-субвенционирање за изнајмување на локал тезги во пазарите во Охрид/Струга за пласман на производи
– Помош при брендирање и е-продажба на производи (ајвар,мед..)
– Воспоставување соработка со иселеници
– годишен економски форум
– јавно-приватно партнерство
– правна помош за воспоставување бизнис
Месни заедници – движечка сила во Дебрца
– Интензивирање на соработка
– Е-заедница
– Воспоставување на форуми во зедницата како алатка за зајакнување на демократско владеење на локалната самоуправа
– Поддршка и зајакнување на работата на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови): групи за развој и имплементација на мали рурални проекти. (Крај)
извор: СДСМ Дебрца фото: СДСМ Дебрца