Белчишта, 27. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Се наоѓаме на самиот старт на изборната кампања за локалните избори на 17-ти октомври. Ние, како кандидати имаме задача да ја презентираме својата програма, а Вие како гласачи, да го направите вистинскиот избор, порача на самиот старт на кампањата кандидатот за градоначалник на Општина Дебрца Игор Крцоски- Манце.
– Сега, благодарение на владеењето на СДСМ на централно ниво, живееме во слободно општество, каде секој може да говори без страв и да носи одлуки по сопствено убедување. Препознатливи сме по водење успешни политики, кои видливо го менуваат животот на граѓаните на подобро. Вложуваме во повисоки плати и пензии, образование, социјална заштита, инфраструктура, бројни инвестиции, нови работни места. Вашата одлука за овие избори не е тешка. Гласот за СДСМ и за мене како кандидат за Градоначалник на Дебрца како и советничката листа, е глас за општина во која заедно ќе одлучуваме, ќе ја развиваме и унапредуваме со мудри одлуки, стратешки промени и силна поддршка од централната власт. Низ Дебрца се среќаваме секојдневно, а сме поминале и низ многу изборни процеси. Знаете дека за нас зборот е збор и затоа гордо и исправено застанувам пред Вас и ја барам Вашата поддршка, затоа што гласот за бројот 12, е глас за сигурен влог во иднината на Дебрца. СДСМ ја има најдобрата понуда. На овие избори-победува најдоброто, истакна Крцоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива