Скопје/Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во реонскиот парк во Ѓорче Петров денеска напладне ќе се одржи фолклорната манифестација „Од Бистра преку Дервен до Ханриево: На гости во Ханриево“.
На манифестацијата, што се одржува под покровителство на Општина Ѓорче Петров, три години по ред по седум детски ансамбли од културно-уметничките друштва го презентираат богатото фолклорно наследство.
Ќе учествуваат членови од детските ансамбли на: КУД „Гердан од бисери“ од Охрид, Ансамбл „Керамичар“ од Велес, КУД „Димитар Беровски“ од Берово и Ансамбл „Орце Николов“, Ансамбл „Јонче Христовски“ и ЕФЗ „Седум осмини“ од Скопје.
Манифестацијата е во организација на Едукативното фолклорно здружение „Седум осмини“ од Ѓорче Петров и е дел од одбележувањето на „Денови на Општина Ѓорче Петров“. (Крај)
извор: МИА фото: КУД „Гердан од бисери“