Охрид, 20. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – По супер атрактивниот настан на новата сцена кај каналот „Студенчишта“, вечерва продолжувапрограмата на алтернативното културно лето во Охрид, „Културолошка иницијатива 5 до 12“.
– Вечерва од 19:00 до 21:00 часот ве очекуваме на „Островчето“ – старото пристаниште да го проследиме прекрасното охридско зајдисонце со најдобриот коктел мајстор во градот – Даниел Новиќ. Истовремено забавата ќе биде надополнета со наградна игра и со најдобрите хитови на Супер Радио. Настанот е организиран во соработка со познатиот хотел Sky Corner, при што ќе се промовираат дел од нивните коктели, информираат организаторите.
Во рамките на алтернативното културно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“ предвидена е разновидна и богата програма, во која ќе се вклучат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират…
Организатори се Супер радио и НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива