Охрид, 21. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот коктел мајстор во Охрид Даниел Новиќ од Sky Corner, синоќа го направи охридското зајдисонце уште поубаво со незаборавни коктели во рамките на програмата на алтернативното културно лето во Охрид, „Културолошка иницијатива 5 до 12“.
– Синоќа продолживме од 19:00 до 21:00 часот на „Островчето“ – старото пристаниште со бројни гости, но и случајни намерници – туристи од целиот свет. Заедно го проследиме прекрасното охридско зајдисонце со коктелите на најдобриот коктел мајстор во градот – Даниел Новиќ. Имавме и мини-наградна игра и секако многу добра музика со Супер Радио. Настанот беше организиран во соработка со познатиот хотел Sky Corner, при што беа промовирани дел од нивните коктели, информираат организаторите.
Во рамките на алтернативното културно лето „Културолошка иницијатива 5 до 12“ предвидена е разновидна и богата програма, во која ќе се вклучат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат, свират…
Организатори се Супер радио и НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива