Струга, 24. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 56-годишниот Д.С. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување“.
Пријавениот казненото дело го сторил во текот на 2014 и 2015 година во својство на претседател на Заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“ лоциран во населба „Езерски лозја“ во Струга.
Тој бесправно за себе присвоил парични средства кој му биле доверени по основ за гориво, телефонски сметки, храна и слично, со што ја оштетил заедницата и се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 563.070 денари. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 32